Дома Фудбал Најмар се враќа во репрезентацијата на Бразил по пауза од година и пол

Најмар се враќа во репрезентацијата на Бразил по пауза од година и пол

Најмар се препороди откако се врати во Сантос, а на седум натпревари успеал да постигне три гола и да забележи исто толку асистенции.

Неговите одлични настапи ги забележал и селекторот Доривал Жуниор, кој го повика Најмар во репрезентацијата на Бразил за квалификациските мечеви за Светското првенство против Колумбија и Аргентина.


Така најдобриот стрелец во историјата на Бразил (79 гола) се враќа во репрезентацијата по година и пол, а последниот натпревар го одиграл на 18 октомври 2023 против Уругвај во квалификациите за Мундијал. На тој меч, Најмар сериозно го повреди левото колено.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нова катастрофа за Постекоглу пред финалето на Лига Европа

Фудбалерот на Тотенхем Дејан Кулушевски нема да игра во финалето на Лига Европа против Ман…