
Манчестер Јунајтед реши да ги зголеми цените на сезонските билети за следната сезона за околу пет проценти за да ги ублажи финансиските проблеми во кои се наоѓа. Најавеното поскапување значи дека цените на сезонските билети во просек ќе се зголемат за 2,5 фунти (околу три евра).
“По 11 години замрзнати цени, во последните две години ги зголемувавме цените на билетите за пет проценти, а истото го планираме и за следната година за да ги ублажиме трошоците на работењето. Сфаќаме дека било какво поскапување не е добредојдено, особено за време на послабите резултати на теренот, но клубот реши дека не би било праведно да ги задржи истите цени на билетите додека сите други трошоци растат. Ова зголемување на цените е минимално, а истовремено ги заштитивме и нашите најмлади претплатници”, објасни извршниот директор на Јунајтед Омар Берада.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Од Здружението на навивачи на Манчестер Јунајтед ја прокоментираа оваа одлука на начин дека зголемувањето е помало од очекуваното, но сепак изразија незадоволство што до него воопшто дојде.
Минатиот месец Јунајтед објави дека ќе отпушти 150 до 200 вработени во клубот за да ги намали трошоците, а минатата недела претстави и план за изградба на нов стадион со капацитет од 100.000 места, чија изградба ќе чини околу две милијарди фунти (околу 2,4 милијарди евра). Се проценува дека тековниот долг на Манчестер Јунајтед е околу една милијарда фунти (околу 1,2 милијарди евра).