Дома Останати Тенис Навивачите не можат да си поверуваат: На Ѓоковиќ ова не му се случило 19 години

Навивачите не можат да си поверуваат: На Ѓоковиќ ова не му се случило 19 години

Јакуб Меншик успеа по драма од два тајбрејка да го совлада Новак Ѓоковиќ со 7:6(4), 7:6(4) и да ја освои титулата на мастерсот во Мајами, а тенисерот од Србија го доживеа слично нешто пред дури 19 години.

По втор пат во кариерата, Ѓоковиќ во финале од АТП турнир беше поразен од играч кој не беше меѓу најдобрите 50 во светот. Пред финалето Меншик беше 54-ти тенисер на светот, па така стана најслабо рангираниот играч некогаш што ја освоил титулата на Флорида.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Од овој понеделник Меншик е 24-ти тенисер на светот, а претходно на Новак му се случи да биде поразен во финале од играч надвор од Топ 50 во далечната 2006 година. Во Умаг беше поразен од Стан Вавринка кој беше 69-ти на планетата.

Меншик стана вториот играч по Мајк Ченг (1990 година) кој освоил мастерс, а бил надвор од Топ 20.

Младиот Чех направи вистинско чудо бидејќи стана и првиот играч кој освоил мастерс со седум и повеќе освоени тајбрејкови на патот до титулата. Единствено уште Џон Иснер освои седум тајбрејкови, но тогаш не ја подигна титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер освои неверојатни 11 милиони долари од два турнира (Фото)

Поголемиот дел од играчите сонуваат дека во текот на кариерата ќе заработат десетцифрени с…