
Нејмар и во Сантос оваа сезона пропушти многу натпревар поради повреда, а екипата се наоѓа во зоната за испаѓање во Бразил. Никој не очекуваше ваква лоша ситуација, а Бразилецот имал и една расправија со навивачите.
Изгледа дека Нејмар ја преминал границата, според писмото испратено од навивачката група на Сантос.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
„Се обраќаме до тебе, нашиот идол, Нејмар. Да, идол – затоа и те повикуваме да се однесуваш така. Рече дека те навредил еден навивач што ти се обратил да си ти и твоето семејство платеници, и одговори дека можеш да заработиш многу повеќе некаде на друго место, што и го знаеме. Но, замисли го изнемоштен навивач, со години насобрана немоќ, како гледа својот апатичен тим како повторно губи дома, во зоната на испаѓање, и има можност да те погледне во очи и те моли да ја поведеш оваа нестабилна екипа. Зар тоа не би го направил?”, стои во писмото на навивачката група.
Што сега?
Нејмар мисли на заминување и размислува за следниот чекор. Само еден клуб во Европа е засега заинтересиран, и тоа би било вистинско изненадување, особено за француската јавност.
Иако шест години носеше дрес на Пари Сен Жермен, постои интерес од Олимпик Марсеј, кој би можел да го ангажира.
Екипата на Олимпик Марсеј ја заврши минатата сезона на второ место и ќе учествува во Лигата на шампионите. Ова би можело да биде дополнителна мотивација за Нејмар, особено кога се приближува Светското првенство, веројатно последното во неговата кариера. Враќањето на врвното ниво во Европа би можело да биде клучно за подобра подготовка за тој предизвик и токму тоа го поттикнува на размислување.
Дури и разделбата со Парижаните не беше најидеална, и се чини дека истото важи и за негова соработка со Сантос. Ако се пресели во Марсеј, тоа би било вистински удар за париските навивачи…