Дома Фудбал Навивачите на Ливерпул се бесни: Не можат да поверуваат што направи Слот по уште еден кикс на „Енфилд“ (Фото)

Навивачите на Ливерпул се бесни: Не можат да поверуваат што направи Слот по уште еден кикс на „Енфилд“ (Фото)

Ливерпул игра слабо, понекогаш може да се крене малку, но тоа многу брзо се заборава, така беше и во 14-то коло на англиската Премиер лига.

Црвените после победата како гости против Вест Хем со 2:0, повторно разочараа на Енфилд.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во 14-то коло изедначиле со Сандерленд со резултат 1:1 и никако да влезат во серија на победи, а она што ги загрижува навивачите е слабата игра генерално.

Ливерпул на теренот изгледа непрепознатливо. Нема енергија, брза игра, сето она што ги красеше актуелните шампиони на Англија.

Кризата е очигледна, а Управата на клубот му даде поддршка на холандскиот експерт Арне Слот.

Навивачите на Ливерпул ќе бидат дополнително налутени и од фотографијата после натпреварот против Сандерленд.

Не им е доволно што нивниот тим игра слабо, сега Слот реши и малку “да ја посоли раната”.

Имено, по натпреварот, во кој Ливерпул спаси беден бод на свој терен, Слот со насмевка на лицето му пријде на фудбалерите на Сандерленд.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Има подобри избори од Керик за тренер на Јунајтед“

Рој Кин, легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, повторно го сподели своето мислење д…