Дома Фудбал Навивачите на Баерн направија спектакуларна кореографија, слават голем јубилеј (Фото)

Навивачите на Баерн направија спектакуларна кореографија, слават голем јубилеј (Фото)

Навивачите на минхенскиот Баерн денеска приредија спектакуларна кореографија на стадионот Алијанц, каде што Баварците ја играат натпреварот од 25. коло на Бундеслигата против Бохум.

Тифозите на Баерн развија кореографија низ целиот стадион, кој има капацитет од 75.000 седишта, а со подигнување картони го испишаа името на нивниот сакан тим.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


“Баерн” и “Минхен” пишуваше на трибините на Алијанц арената, а на една од нив беше исцртан и еден од грбовите кои овој клуб ги користел низ својата историја.

Се разбира, навивачите така го прославуваат 125-тиот роденден на Баерн, бидејќи овие денови се навршија 125 години од основањето на најголемиот германски фудбалски тим и еден од најголемите во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

От Јувентус веќе преговараат со дефанзивец на Реал Мадрид

Од Јувентус започнале разговори со претставниците на дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио …