
Цел Валјадолид остана посрамотен по катастрофата минатата недела, поразот на Сан Мамес во Билбао до неверојатни 1:7. Јасно е дека опстанокот е невозможна мисија за тимот кој се спрема повторно да се обиде во Сегунда да се врати во најдоброто друштво на шпанскиот фудбал.
Дури осум бода помалку во однос на следниот ривал Лас Палмас, кој е прв над зоната за опстанок, дава уште некаква надеж за бело-виолетовите дека можат во последната третина од сезоната да се спасат, да го надоместат изгубеното. Шансите не се големи, а се чини дека денес е последната можност кога доаѓа директен конкурент за опстанок во првиот натпревар од 26. коло на Примера.
Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓
Навивачите побараа да им се врати парите што ги потрошиле во Баскија за влезниците. Тоа беше капката што ја прелеа чашата на незадоволството од мрачната сезона.
Не станува збор повеќе за победа, реми или губење на бодови, туку за гордост, се вели во писмото на навивачите на Валјадолид по фијаското во Баскија минатата недела.