
Барселона вчера без поголеми проблеми на „Монжуик“ ја победи Жирона со 4:1 во натпревар од 29-то коло од Ла Лига, а во центарот на вниманието се најде претседателот на каталонскиот клуб Жоан Лапорта, кој навивачите го застанаа за да му порачаат да ги доведе Лионел Меси и Ерлинг Халанд летово.
Каталонскиот клуб успеа да дојде до нова победа и да ја задржи водечката позиција во Ла Лига, со три бода предност пред второпласираниот Реал Мадрид.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Сепак, главната тема по натпреварот на Монжуик беше Жоан Лапорта, кого група навивачи го запираа пред стадионот.
Додека автомобилот во кој се наоѓаше Лапорта поминуваше, навивачите на Барселона успеаја кратко да го запрат, и му имаа порака за претседателот на овој клуб.
„Доведете ни ги Лионел Меси и Ерлинг Халанд“, му викаа навивачите на Барселона, а Лапорта одлучи да им одговори.
„Го имаме Ламин Јамал“, кратко со насмевка на лицето одговори претседателот на каталонскиот клуб.
.🗣️ Навивачите: “Ќе бидат ли трансферите на Меси или Халанд?”.
— FC Barcelona Azerbaijan (@fcbazfan2010) March 30, 2025
🗣️ Жоан Лапорта: “Имаме Ламин”.#FCBAZFAN pic.twitter.com/A8wKxWgYJP