Дома Other Натпреварувачка во пикадо одби да игра: Нема да играм против маж во тело на жена

Натпреварувачка во пикадо одби да игра: Нема да играм против маж во тело на жена

Дета Хедман, 65-годишна играчка на пикадо, реши да се повлече од турнирот PDC Women’s Series бидејќи во четвртфиналето требаше да се натпреварува против трансродната натпреварувачка Ноа-Лин ван Лувен.

Ова не е прв пат таа да се повлече од натпреварување откако жребот ги спои токму неа и Ван Лувен. Истиот потег го направи и минатата година на Denmark Open, кога за Bild изјави:

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Нема да се натпреварувам против маж во тело на жена.“

Ван Лувен (29), која е родена како маж, минатата година стана првата Холанѓанка што се квалификуваше за учество на Светското првенство во пикадо, но порано оваа година доби лоша вест.

Светската пикадо федерација (WDF) реши да им забрани учество на трансродни играчи на своите натпреварувања, но тие сè уште можат да се натпреваруваат на PDC турнирите.

Порано годинава, Ван Лувен одлучи да направи пауза заради менталното здравје, бидејќи, како што открива, добивала многу навредливи пораки и смртни закани. Проговори и за забраната за учество на WDF турнирите:

„Тоа влијае лично на мене, иако, за среќа, моментално не премногу сериозно, но сепак боли. Ова е загуба за транс заедницата во спортот, ми го крши срцето, а како транс личност во светот на пикадото, знам колку е важно вклучувањето, не само на хартија, туку и во практика.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Other

Проверете

Македонија стана европски шампион во Дота 2

Македонската репрезентација постигна историски успех и се закити со титулата европски шамп…