
Натпреварот од 20-то коло на словенечкото првенство што се одигра на стадионот Стожице помеѓу Браво и Мура го следеа само 77 присутни гледачи. Најголемиот стадион во Словенија, кој има капацитет од околу 16.000 седишта, беше речиси празен, а коментаторот Горан Обрез, кој натпреварот го пренесуваше за словенечкиот Спорт Клуб, се потруди да ги преброи гледачите и им ја соопшти точната бројка на публиката.
Натпреварите на Браво, кој поради реновирање на ЖАК игра на Стожиците, генерално се помалку посетени, а и силниот дожд што во текот на целиот ден го натопуваше главниот град на Словенија дополнително ја намали посетеноста. Интересно е што во официјалниот извештај на Фудбалскиот сојуз на Словенија било наведено дека натпреварот го следеле 250 луѓе, што е повеќе од тројно од бројката која ја објави коментаторот.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
“Изгледа дека се уште помалку, но ги има 77, ако ги бројам и тие што стојат зад”, продолжи тој со коментари за натпреварот што заврши со победа на Мура со резултат 2:0. Видеото можете да го погледнете ТУКА.