Дома Фудбал Наполи со официјална понуда за Дарвин Нуњез

Наполи со официјална понуда за Дарвин Нуњез

Наполи не се откажува од намерата да го привлече напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез, иако клубот од Мерсисајд бара доста висока трансферна сума за уругваецот.

Според Џанлука Ди Марцио, во последните денови италијанскиот шампион испратил официјална понуда во вредност од 50 милиони евра плус уште пет милиони во форма на бонуси. На самиот фудбалер, пак, му е понудена плата од околу 5-6 милиони евра годишно.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Пред неколку денови „Кориере дело Спорт“ излезе со информација дека Ливерпул бара меѓу 60 и 70 милиони евра за Нуњез, кого го доведе за близу 100 милиони евра со бонусите од Бенфика во 2022 година.

Паралелно со тоа, Наполи води разговори и со Удинезе за напаѓачот Лоренцо Лука, кој е значително поевтина опција. „Партинопеите“ нудат за него 33/34 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гулер погоди од 60 метри – ова е гол кој ќе го обиколи светот (Видео)

Реал Мадрид без поголемиот дел од првиот тим го угости Елче, и сепак стигна до рутинска по…