Дома Фудбал Наполи му го зема Скудетото на Интер, а сега и посакуваното засилување!?

Наполи му го зема Скудетото на Интер, а сега и посакуваното засилување!?

Интер беше на праг да го донесе големото засилување од Аталанта во облик на крилниот напаѓач Адемоле Лукман, но утрово од Италија доаѓаат „бомбастични“ вести кои велат дека Наполи „влета“ во целата приказна и дека е подготвен да му го одземе сјајниот Нигериец, кој е и на мета на Атлетико Мадрид, но повеќе му се допаѓа да остане во Италија.

Аталанта претходно оваа седмица ја отфрли понудата на Интер од 40.000.000 евра за Лукман, бидејќи бара целосни 50.000.000, се очекуваше продолжување на преговорите и сите страни да се најдат некаде на средина, но сега се појави Антонио Конте.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Наполи е подготвен да плати отштета од 45 до 50 милиони евра, а адутот во однос на Интер е што на Лукман му нуди поголема плата за милион.

Интер му обезбеди веќе 16.000.000 евра по сезона, а Наполи ќе оди на 17.000.000.

Ова би требало да значи дека Наполи се откажал од Дан Ендој од Болоња.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Каков Меси: „Десетката“ на Јамал руши рекорди на продажба

Ламин Јамал руши рекорди, Барселона руши рекорди и одлично заработува. Младиот напаѓач на …