
Играчот од средниот ред на Интер, Давиде Фратези е меѓу главните трансфер цели на Наполи ова лето, а клубот од Неапол веќе ги направи првите чекори за да излезе пред конкуренцијата и да го привлече 25-годишниот фудбалер.
Италијанскиот репрезентативец повторно го привлече вниманието на почетокот на оваа недела кога го постигна победничкиот гол за Интер против Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Фратези е предмет на трансфер шпекулации уште од јануари кога се тврдеше дека сака да го напушти миланскиот гигант.
Засега не е јасен ставот на раководството на Интер за евентуална разделба од Давиде, а дискусиите за неговата иднина ќе бидат обновени на крајот од сезоната. Се верува дека клубот ќе бара сума од 35-40 милиони евра доколку реши да го продаде на лето.
Самио Фратези е незадоволен од статусот кој го има во тимот и сака да има поголема минутажа.
Фото: ФК Интер