Дома Фудбал Напаѓач на Италија открива: Гатузо ни делеше шлаканици, добив и по вратот

Напаѓач на Италија открива: Гатузо ни делеше шлаканици, добив и по вратот

Италијанскиот репрезентативец Џакомо Распадори потврди дека методите на новиот селектор Џенаро Гатузо не се само метафорички. По убедливата победа против Естонија (5:0), Распадори призна дека Гатузовото будење на тимот вклучувало и вистински шлаканици, пишува „football-italia.net“.

Новата ѕвезда на Атлетико Мадрид влезе од клупата во победата против Естонија и веднаш остави белег, прво со асистенција, а потоа и со гол 90 секунди подоцна. Покрај него, двоен стрелец за Италија беше Матео Ретеги, а по еден гол додадоа Мојсе Кин и Алесандро Бастони.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


По натпреварот, Бастони изјави дека Гатузо на тимот им дал “неколку шлаканици” за да ги разбуди. На прашање дали тоа беше само метафора, Распадори за Sky Sport Italia рече:

„Не, делеше вистински шлаканици, добив еден по вратот. Гатузо ни всади одлучност и борбеност. Ние сме талентирани играчи, само тоа треба да го покажеме на теренот. Одработивме вистински натпревар од почеток до крај, не е лесно да се постигнат пет голови против ваква екипа. Треба да веруваме дека сме на вистинскиот пат.”

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гатузо делеле шлканици во репрезентацијата на Италија: Тоа не се само приказни и јас добив еден!

Италијанскиот репрезентативец Џакомо Распадори потврди дека методите на новиот селектор Џе…