Дома Фудбал Најлошиот Ливерпул во последните седум децении – пад за каков никој нема објаснување

Најлошиот Ливерпул во последните седум децении – пад за каков никој нема објаснување

Фудбалерите на Ливерпул доживеаја болен пораз на својот терен во Лигата на шампионите од ПСВ Ајндховен со 1:4, уште еден таков во низата.

Навивачите на славниот клуб во неверица сведочат на навистина неверојатните резултати на екипата која во летниот преоден рок доведе фудбалери во вредност од 400-500 милиони евра, притоа е и актуелен шампион.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Дебаклот против ПСВ се надоврза на оној во Премиер лигата на истото место од тимот на Нотингем Форест со истата разлика во голови – 0:3.

Малкумина можат да објаснат што се случува со тимот кој, треба секогаш да се потсети на тоа, започна сезоната со седум последователни победи. Кој тогаш можеше да помисли дека веќе во ноември „црвените” ќе бидат „вреќа за удирање“ на кој и да им е спротивната страна на теренот.

Тековната серија на Ливерпул – девет порази од 12 натпревари, е најлоша во последните седум децении, поточно од сезоната 1953/1954.

Целосно разочарување за играчите, за клубот, за Слот и навивачите, звучи фактот дека актуелната генерација врза три порази со три разлика!

Освен од ПСВ и Нотингем, Ливерпул загуби од Сити исто така со три разлика (0:3).

Пред падот во оваа минлива зона, тимот на Слот ја постигна највредната победа сезонава – против Реал на “Енфилд”. Но, оттогаш почна историскиот пад за кој не се гледа крај.

“Немам одговори, искрено, не знам… Ова е едноставно неприфатливо”, обиде да ги најде вистинските зборови по новиот дебакл играчот од средниот ред на “црвените” Куртис Џонс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед подготви неверојатна понуда за играчот кој го сака половина Премиерлига

Манчестер Јунајтед подготви огромна понуда за да го доведе Антоан Семењо и да го „украде“ …