Дома Останати Кошарка Најава за спектакл во Белград: Дончиќ си поигра со Британците како со мали деца (Видео)

Најава за спектакл во Белград: Дончиќ си поигра со Британците како со мали деца (Видео)

Лука Дончиќ се истакна пред спектаклот во Белградската Арена (четврток, 20 часот).

Капитенот на Словенија ја водеше репрезентацијата до победа над Велика Британија со 93:81 во Љубљана.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Дончиќ за 28 минути постигна 28 поени (7/17 од игра, 2/11 тројки), а додаде 10 асистенции, шест скокови, три украдени топки и блокада.

Можеше да има многу подобри бројки, но го поштеди противникот откако му даде дури 21 поен во првото полувреме.

Среде натпреварот Словенија имаше предност од 16 поени, а Дончиќ се забавуваше на врвен начин.

Во третата четвртина Словенија имаше и 24 поени разлика, па пред последната четвртина Дончиќ доби одмор.

Словенците без Дончиќ на теренот премногу се опуштија, па на крајот Британците го намалија заостанувањето на прифатливи -12.

Словенија во четврток игра со Србија во Белград, а дуелот помеѓу Никола Јокиќ и Лука Дончиќ ќе биде генерална проба за двете селекции пред Евробаскет.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Oва ќе биде најскапиот натпревар во новата сезона во НБА – причина е Леброн!

Најскапите билети за претстојната сезона на НБА ќе бидат за натпреварот помеѓу Њујорк Никс…