Дома Фудбал На Светско првенство оди држава која не игра дома и на која банди ѝ го контролираат градот и стадионот

На Светско првенство оди држава која не игра дома и на која банди ѝ го контролираат градот и стадионот

Квалификациите за Светското фудбалско првенство во зоната на CONCACAF (Северна и Централна Америка) донесоа голем број на неверојатни приказни, вклучувајќи ја и приказната на селекцијата на Хаити.

Веќе пишувавме за Курасао, најмалата држава досега (со 150.000 жители) што ќе се натпреварува на Светското првенство. Курасао успеа да изненади многу фаворити и да се квалификува за Мундијалот, но ова не е единствената фасцинантна приказна од Централна Америка којашто го привлече вниманието на фудбалските медиуми.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Импресивен успех забележа и Хаити. Хаити успеа да победи во групата каде играа поголеми репрезентации како Хондурас и Костарика, кои се редовни учесници на светските првенства.

За директно место на Светското првенство, Хаити требаше да ја победи Никарагва во последното коло, а тоа го направија синоќа со победа од 2:0 за што беше голем успех за оваа репрезентација.

Нема ништо толку сензационално во тоа, доколку не беше фактот што оваа мала фудбалска репрезентација се изборила со неверојатни потешкотии и хаос во сопствената земја.

Хаити нема играно на својот терен со години. Не одиграле ниту еден натпреваар на кој биле домаќини, а војните на бандите и насилството на улиците траат уште од атентатот на претседателот Жовенел Моиз во 2021 година.

Главниот град Порт-о-Пренс е 85 проценти под контрола на банди, кои го презедоа и националниот стадион во март 2024 година. Хаити не може да игра дома поради банди уште од јули 2021 година.

И покрај сите шанси, како и фактот што селекторот Себастијан Минг никогаш не бил во оваа земја и ја води репрезентацијата „од далеку”, Хаити вторпат во својата историја успеа да се квалификува на Светското првенство.

Националната репрезентација на Хаити се собира и престојува во различни земји, најчесто во Суринам и Курасао. Токму во Курасао играа синоќа и постигнаа победа што им донесе пласман на Мундијалот.

Освен Хаити и Курасао, од зоната CONCACAF на Светското првенство се квалификуваше и репрезентацијата на Панама, додека во интерконтиненталниот бараж ќе настапуваат Јамајка и Суринам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо се сретна со едни од најмоќните луѓе во светот: Мојот син е негов голем фан

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, приреди свечена вечера за с…