Зоран Милановиќ влегува во вториот последователен претседателски мандат откако убедливо го победи Драган Приморац во вториот круг во трката за претседател на Хрватска.. Како и на секои избори, не сите гласачи најдоа кандидат кој им одговара, па одлучија да додадат свои.
Така, на едно ливче неофицијалниот глас за претседател го доби тренерот на Хајдук, Џенаро Гатузо, а на друго, Даниеле Де Роси, кој до неодамна беше тренер на Рома и моментално е без работа. “Ако можат Гатузо и Канаваро, може и тој”, напиша еден обожавател на ликот и делото на Даниеле Де Роси на своето гласачко ливче, кое стигна до редакцијата на „Индекс“.