![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/screenshot-2025-02-13-145623-850x491.jpg)
Од следната сезона во елитната категорија на францускиот фудбал треба да имаме ново големо ривалство помеѓу Пари Сен Жермен и Париз ФК.
ПСЖ веќе години наназад е доминантна сила во францускиот фудбал, а развојот на клубот започна со влезот на катарските сопственици кои ги доведоа и до европска слава.
Клучот на иднината! ↓↓↓
Сепак, во градот им се раѓа достоен ривал за наредниот период. Станува збор за второлигашот Париз, кој неодамна го презеде најбогатиот човек во Европа Бернард Арно.
Сопственикот на модниот гигант LVMH Бернард Арно се здружи со компанијата Ред Бул во создавање на голема приказна која има за цел да ја прекине доминацијата на ПСЖ во францускиот фудбал. Paris FC моментално е на второто место во вториот ранг на натпревари, но единствената цел е пласман во повисок ранк.
Доколку се оствари очекуваното и Париз обезбеди пласман во француската Лига 1, од следната сезона ќе имаме ривалство оддалечено само неколку метри.
Имено, Paris FC ќе игра на стадионот Стад Жан-Буен кој од ПСЖ-овиот Парк де Пренс го одделува само една лента пат. Стадионите се изградени речиси на истото парче земја.
Како што најмоќниот човек во Европа ги презеде компаниите сред сезона, така се очекува да до крајот на неа веќе бидат тие вистинските и да изборат промоција во општеството на најдобрите. Стад Жан-Буен веќе е пријавен за настапите на Пари во следната сезона.
Paris FC will move to the Stade Jean-Bouin at the start of the 2025-2026 season, when they’ll potentially have been promoted to Ligue 1.
— ESPN FC (@ESPNFC) February 13, 2025
This is how close they’ll be to PSG’s Parc des Princes 🤯 pic.twitter.com/PfV1z9zT2q