Сагата околу Дани Олмо и Барселона се ближи кон крајот, а по големиот пресврт се чини дека одличниот фудбалер ќе остане член на каталонскиот клуб.
Иако вчера беше одбиено барањето на Барселона за продолжување на регистрацијата на Олмо за играње во Ла Лига од 31 декември до крајот на сезоната и Каталонците имаат уште три дена пред да се активира клаузулата според која тој може бесплатно да го напушти клубот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според последните информации и самото заминување на менаџерот на Олмо, Енди Баре, во Манчестер сугерираше дека тоа токму и ќе се случи, но претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, повлече потег со кој најверојатно ќе успее да го задржи Олмо.
Да потсетиме, Олмо во август пристигна во Барселона од Лајпциг за 55 милиони евра, но поради лошата финансиска состојба на Барселона тие успеаа да го регистрираат само до 31 декември користејќи ја можноста што Андреас Кристенсен беше повреден, па Олмо „презеде“ поголем дел од неговата плата за да ги исполни условите на финансиското фер-плеј (FFP).
Но, таа привилегија ќе се укине на 1 јануари затоа што Данецот се опоравил, и Барселона сега мора да најде пари за да ја реши ситуацијата со договорот на Олмо, со цел да не го прекрши постојниот ФФП.
Laporta ya ha enviado a LaLiga la documentación de la venta de los palcos VIP para inscribir a Olmo.
— Relevo (@relevo) 28 декември 2024
▪️ El club espera que Tebas lo valide, mientras Real Madrid, Atlético y Athletic miran con lupa los acuerdos presentados.
✍️ @MigRicohttps://t.co/eQmzBfmT5L
Како што јавува Релево, Лапорта пронашол начин бидејќи одлучил да ги продаде со попуст сите билети за ВИП ложата за наредните 20 години.
Реалната цена на билетите е 200 милиони евра, но Лапорта прифатил износ од 120 милиони, што ќе биде и повеќе од доволно Олмо и понатаму да може да игра во Ла Лига.
Лапорта ја испрати сета документација на Ла Лига и се надева дека претседателот на лигата, Хавиер Тебас, ќе ја одобри, иако бројни клубови веќе поднесоа жалба за тоа.
Во следните 20 години најелитните места на стадионот „Камп Ноу“ наводно ќе се управувани од една катарска компанија.