
Не е тајна дека Барселона веќе години наназад има проблеми со финансиите, особено што се однесува на буџетот за плати и засилувања. Сепак, Жоан Лапорта и друштвото конечно имаат причина за насмевка бидејќи синоќа добија повик кој ќе им донесе милионска заработка на крајот од оваа сезона.
Барселона никако да се врати на правилото 1:1 кога е во прашање финансискиот фер-плеј, што на овој клуб би му донело многу олеснувања околу доведувањето нови засилувања и не би морале претходно да продаваат играчи и да прават простор во буџетот за плати.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Затоа секоја заработка за Барселона е злато вредна и им дава простор летото да доведат звучно засилување, и тоа без проблеми да го регистрираат.
Иако веќе се шпекулира дека Барселона ќе мора да продаде некои од првотимците кои сега ги има Ханси Флик во тимот за да го засилат тимот, чини се дека синоќешниот повик многу ги усреќи.
Медиумите во Шпанија и Франција укажуваат дека Жоан Лапорта доби повик од Монако, а главната тема е Ансу Фати.
Некогашната голема надеж на Барселона моментално игра во Монако на позајмица до крајот на сезоната, но сите наѕнаки се дека Фати ќе остане во клубот од Кнежевството.