Дома Фудбал На Гуехи му пропадна сонот за трансфер во Ливерпул, па подготви драстичниот одговор

На Гуехи му пропадна сонот за трансфер во Ливерпул, па подготви драстичниот одговор

Како што пренесуваат англиските медиуми, Марк Гуехи наводно е подготвен да преземе драстични мерки откако неговиот трансфер во Ливерпул вреден 50 милиони евра пропадна.

Капитенот на Кристал Палас требаше да биде последното засилување на Ливерпул ова лето, а понудата од 50 милиони евра беше прифатена од неговиот клуб.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тој се согласи на петгодишен договор и поголемиот дел од понеделникот го помина во просториите на Ливерпул каде што ги помина и лекарските прегледи.

Гуехи е срушен откако му пропадна трансферот во Ливерпул.

Како што тврди Ед Ааронсан од The Guardian, играчот е исклучително незадоволен и горко разочаран затоа што големиот трансфер му се расипа во последен момент.

Иако нема назнаки дека ќе направи било каков бојкот, постојат тврдења од страна на извори блиски до англискиот репрезентативец дека Гуехи ќе се откаже од капитенската лента во Палас по ситуацијата која ги вознемири некои од неговите соиграчи.

Се очекува Геухи да објави соопштение за ова, а The Times вели дека тој нема намера да потпише било каков нов договор на Селхурст Парк.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов рекорд на Ѓоковиќ – го достигна Конорс (Фото)

Иако со мали проблеми во третиот сет, Новак Ѓоковиќ суверено го совлада Тејлор Фриц и обез…