
Ливерпул оваа сезона е во сериозна криза, потврдено и со синоќешниот пораз на „Енфилд“ од ПСВ (1:4) во натпреварот од Лигата на шампионите. Англиските медиуми јавуваат дека синоќа се одржал итен состанок на раководството на клубот, каде се разгледувала иднината на тренерот Арне Слот.
Минатата сезона „Црвените“ се покажаа одлично кога Слот го презема тимот од Јирген Клоп, но за разлика од летните засилувања, актуелните резултати значително заостануваат зад очекувањата.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Оваа криза во Ливерпул е невидена одамна, а кулминираше синоќа кога ПСВ забележа убедлива победа од 4:1 во петтото коло од Лигата на шампионите.
И покрај очекуваната победа на домакините, Холанѓаните успеаја да ги изненадат и со четири гола да го запрат тимот на Ливерпул.
Стрелци за ПСВ беа Периќ, Тил и два пати Дриеуш, додека единствениот гол за Ливерпул го постигна Собослај.
По поразот, се обновија шпекулациите дали Слот може да добие отказ и дали управата ќе реагира навреме за да ја спаси сезоната.
Според англиските медиуми, синоќа на „Енфилд“ се одржал итен состанок на кој главна тема бил Слот.
Според Телеграф, на состанокот, тимот му изразил поддршка на Слот, но истовремено му е поставен ултиматум да ги подобри резултатите, односно во спротивно, најверојатно ќе добие отказ.
🚨 Арне Слот доби ултиматум за наредните три натпревари во кои Ливерпул нема право на грешка и мора да освои девет поени за да остане на „Енфилд“. https://t.co/bEAuCykxMo #LFC #slotout
— TEAMtalk (@TEAMtalk) November 27, 2025
Се наведува дека Слот доби ултиматум за следните три натпревари, во кои Ливерпул мора да освои цели девет бода за да остане на чело на тимот.