Дома Топ вести Најцрниот месец во кариерата на Гвардиола: Вакво нешто никогаш не му се случило!

Најцрниот месец во кариерата на Гвардиола: Вакво нешто никогаш не му се случило!

Пеп Гвардиола и Манчестер Сити го доживуваат најтешкиот период во нивната заедничка соработка. Откако шпанскиот стратег првпат во кариерата загуби пет последователни натпревари, се чинеше дека дуелот со Фејенорд во рамки на петтото коло од Лигата на шампионите ќе биде идеална прилика за да го прекинат црниот низ. До 75. минута сè беше совршено – Сити водеше 3:0 и ја контролираше играта. Меѓутоа, серија грешки, вклучувајќи ги и оние на Јошко Гвардиола и голманот Едерсон, им овозможи на гостите да го шокираат Етихад и да израмнат на 3:3.

Првпат во кариерата на Гвардиола се случи неговиот тим да пропушти предност од три гола. Овој неславен рекорд беше поставен во неговиот 942. натпревар како тренер, дополнително подвлекувајќи колку е овој неуспех специфичен за еден од најдобрите фудбалски стратези на сите времиња.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ноември 2024 година е запишан како најцрниот месец во неговата кариера. Ова е првпат откако го презеде Сити во 2016 година, неговиот тим да не забележи ниту една победа во еден месец. Исто така, последен пат кога Гвардиола остана без победа во текот на цел месец беше во јануари 2015 година, кога го водеше Бајерн – тогаш, се разбира, одигра само еден натпревар и го загуби.

Во текот на овој тежок период, забележани се неколку негативни рекорди:

Првиот пораз со резултат 0:4 (против Тотенхем) беше првиот во петте последователни порази.

На крајот, статистиката од овој натпревар со Фејенорд внесе уште еден неславен податок во историјата на Лигата на шампионите. Манчестер Сити стана првиот тим во натпреварувањето кој не успеа да победи, иако до 75. минута имаше предност од три гола.

За Гвардиола, познат по перфекционизмот и блескавите резултати, овие податоци претставуваат големо разочарување, додека за навивачите на Сити останува надежта дека тимот брзо ќе се опорави и ќе се врати на победничките патеки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Поранешниот тренер на Јувентус и Челзи нов селектор на Србија?!

Маурицио Сари, наводно ќе биде новиот селектор на фудбалската репрезентација на Србија, ак…