Дома Фудбал Најдобра или најглупа идеја досега? Пике предложи што да се направи ако фудбалскиот натпревар заврши 0:0

Најдобра или најглупа идеја досега? Пике предложи што да се направи ако фудбалскиот натпревар заврши 0:0

Поранешниот славен фудбалер на Барселона, Жерар Пике во гостување во подкастот кај Касиљас даде предлог за менување на правилата во фудбалот. Особено оние поврзани со резултатот 0:0.

Имено, нему не му се допаѓа фактот дека натпреварот воопшто може да заврши со таков исход, па предложи револуционерна идеја.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


Тој сака тимовите да не добиваат бодови во случај натпреварот да заврши со овој резултат, што би ги поттикнало да играат поофанзивно. Многумина сметаат дека ова е паметна идеја, додека некои корисници на интернет ја нарекоа “најглупа” досега.

Пике смета дека тоа би ги натерало двата тима во завршницата да тргнат по победа.

Нешто мора да се промени. Не може човек да оди на фудбалски стадион, да потроши 100, 200 или 300 евра и натпреварот да заврши со 0:0. Предлог за разгледување е ако натпреварот заврши со 0:0, тимовите да не добијат бод. Во 70. минута натпреварот би се отворил – рече Пике гостувајќи кај Икер Касиљас во подкастот.

Според актуелните правила, секако, по бод добиваат тимовите кои играат нерешено, без оглед на тоа дали е натпреварот 0:0, 1:1 или пак 6:6.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо возвраќа со тужба кон Галатасарај

Португалскиот стратег, Жозе Мурињо, одговори на нападот и поднесе тужба против Галатасарај…