Иако во претходните неколку натпревари Герет Бејл беше еден од најдобрите на теренот кај Тотенхем, сега Португалецот го критикуваше Велшанецот.
Тотенхем вчера доживеа пораз и тоа еден од најболните, од градскиот ривал Арсенал. Мурињо како индиректни „виновници“ ги посочи Бејл и Ндомбеле кои ги замени на почетокот на второто полувреме.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ни недостасуваше интезитет. Беше неопходно да притискаме повеќе и да бидеме повеќе агресивини затоа излегоа Бејл и Ндомбеле. Беа многу бавни во првото полувреме. Јас сум виновен колку и играчите во првото полувреме. Но, мораме да бидеме чесни и да кажеме дека некои се криеа, без многу движење, без пас игра“…изјави Мурињо.
Бејл сезонава постигна 10 гола и додаде три асистенции на 24 натпревари.