Дома Фудбал Мурињо влезе во „војна“ со свој фудбалер: Го избрка затоа што бил „дебел“ и мрзлив, па доби неочекуван одговор

Мурињо влезе во „војна“ со свој фудбалер: Го избрка затоа што бил „дебел“ и мрзлив, па доби неочекуван одговор

Тренерот на Фенербахче Жозе Мурињо јавно го критикуваше својот играч Алан Сен-Максимин, нарекувајќи го „мрзелив и дебел“.

Сен-Максимин, кој е на заем од саудискиот Ал Ахли, беше изоставен од тимот за реваншот во осмина финалето на Лига Европа против Ренџерс и ги пропушти последните пет првенствени натпревари на клубот, поради што се огласи на социјалните мрежи.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Кога лагата ќе тргне со лифт, вистината оди по скали. Потребно и е подолго, но на крајот стигнува“, напиша Французинот.

Мурињо на свој начин одговори на Сен-Максимин, изјавувајќи дека не знаел дека е поет.

„Не знаев дека Сен-Максимин има талент за поезија. Ни јас не сум лош во тоа. Кога фудбалерот добро работи, постојано и напорно тренира, може да биде во добра форма и да се искачува по скалите. Не му е потребен лифт. Од друга страна, ако играчот не тренира добро, доцни, има вишок килограми и не е спремен за натпревар, тогаш му треба лифт – затоа што наскоро ќе се измори на скалите“, изјави Мурињо.

Сен-Максимин потоа на Инстаграм објави фотографии кои покажуваат дека неговата тежина е иста уште од 2022 година, додавајќи:

„Лагите ви даваат цвеќиња, но не донесуваат плод.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …