
Португалскиот тренер Жозе Мурињо даде големо интервју за англискиот Sky Sports, во кое зборуваше за обвинувањата за расизам со кои се соочи по дербито меѓу Галатасарај и Фенербахче во 24. коло на турското првенство. Да потсетиме, Португалецот беше суспендиран на четири натпревари по настаните кои следуваа по дербито во Турција.
Две натпревари суспензија беа изречени поради неговото влегување во соблекувалната на судиите по завршувањето на натпреварот, додека останатите две се резултат на изјавите од прес-конференцијата, кои беа оценети како неумесни. Поради чувствителноста на натпреварот, ангажирани беа странски судии, а натпреварот го водеше словенечкиот судија Славко Винчиќ.
Може ли Манчестер Јунајтед против "ослабениот" Арсенал!? ↓↓↓
Токму пофалбите на Мурињо кон Винчиќ предизвикаа бурни реакции и одлуката на Турската фудбалска федерација за суспензија на Мурињо. Галатасарај по натпреварот реагираше со службено соопштение, обвинувајќи го Мурињо за расизам и најавувајќи правни чекори.
Мурињо во интервјуто ги коментираше тие обвинувања: “Не се покажаа многу пмаетни во начинот на кој ме нападнаа, бидејќи не јго познаваа моето минато. Не знаеа за моите врски со Африка, со африканските луѓе и африканските играчи, како и со африканските хуманитарни организации. Наместо да удрат по мене, мислам дека тоа им се врати како бумеранг и ги удри нив.
Сите знаат каква личност сум. Сите ги знаат моите лоши страни, но тоа сигурно не е една од нив. Напротив! Најважно е дека јас знам кој сум, а нападот што ме обвинува за расизам беше лош избор”.
Говорејќи директно за обвинувањето за расизам, рече: “Едноставно помислив: како можеа толку ниско да паднат?”
Мурињо на прес-конференцијата по 0-0 натпреварот, ја обвини клупата на Галатасарај дека “скокаат како мајмуни” во обид да го исфрлат од игра неговиот 19-годишен дефанзивец Јусуф Акчичек рано во натпреварот. Во интервјуто рече дека мислел на главниот тренер Окан Бурук.
На прашањето дали жали за таа одлука, рече реферирајќи на однесувањето на Бурук: “Не можам да се спуштам на неговото ниво. Понекогаш го правам тоа, и потоа си велам, ‘Зошто го направи тоа Жозе? Зошто се спушти на тој ниво? Тоа беше едноставно тажно.”