Дома Фудбал Мурињо за “дебели” пари “украде” напаѓач кој го сакаа Интер, Наполи и Јуве?!

Мурињо за “дебели” пари “украде” напаѓач кој го сакаа Интер, Наполи и Јуве?!

Поранешниот фудбалер на Лил, Џонатан Дејвид (25), најверојатно ќе го засили Фенербахче, пренесуваат релевантните турски медиуми.

Овој убоен канадски напаѓач некогаш го посакуваше Барселона, а до пред неколку дена беше во врска со Интер, Наполи и Јувентус, но изгледа дека Жозе Мурињо го убедил да се пресели во најголемиот турски град и да му помогне на Фенер да ја донесат шампионската титула, која овој клуб ја чека уште од 2014 година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Наводно, сè е договорено со Дејвид, кому на крајот на сезоната му истече договорот со Лил.

Новинарите блиски до Фенербахче пишуваат дека Дејвид ќе потпише тригодишен договор за плата од 10 милиони евра по сезона.

И не само тоа, се очекува дека Фенер ќе му плати 15 милиони евра само за потпис на договорот.

Дејвид играше за Лил од 2020 година, а за пет години запиша 178 настапи и постигна 87 голови за францускиот клуб. Со Лил во 2021 година беше државен шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул може да добие засилување од 50 милиони евра!

Младиот дефанзивец на белгискиот Клуб Бриж, 21-годишниот Џоел Ордоњез, според пишувањата н…