
Позајмицата на шпанскиот офанзивен играч за врска Марко Асенсио во Астон Вила заврши, но сите знаци покажуваат дека тој нема да остане во сегашниот клуб Пари Сен Жермен.
29-годишниот се врати во француската престолнина, но тој не се вклопува во плановите на тренерот Луис Енрике и ќе треба да си најде нов клуб ова лето. Една од опциите за него е трансфер во Фенербахче, пишува „Фанатик“.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Жозе Мурињо бара сигурни засилувања за својот тим и играч како Асенсио би се вклопил одлично во таа улога. Тренерот веќе дал „зелено светло“ на раководството на клубот да започнат преговори за ваков трансфер. Се очекува оваа недела Фенербахче да стапи во контакт со ПСЖ за започнување на првични разговори за шпанецот.
Мурињо сака да ја засили целата своја атака и исто така преговара за Џон Дуран, каде преговорите за колумбиецот напредуваат позитивно.