Дома Фудбал Мурињо сака да создаде шампионски тим: Фенербахче оди по засилување од Арсенал

Мурињо сака да создаде шампионски тим: Фенербахче оди по засилување од Арсенал

Фенербахче ова лето ќе направи вистинска реконструкција на тимот, а сега испратија понуда за крилниот играч на лондонскиот Арсенал.

Пред два дена италијанската “Газета” објави дека Фенер е заинтересиран за услугите на легендарниот Чилеанец – Алексис Санчез.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Покрај Алексис, сега турските медиуми, поточно “Туркиш Пост”, објавија дека во приказната е вклучен и играчот на Арсенал – Леонардо Тросар.

Белгиецот е на излезните врати од лондонскиот клуб, а овој извор наведува дека Фенербахче веќе испратил понуда на адресата на Топџиите во вредност од 15 милиони евра.

Тросар минатата сезона беше еден од играчите на Арсенал со најмногу настапи, 56 во сите натпреварувања, во кои постигна 10 голови и додели 10 асистенции.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ван Дајк ќе биде минато, Ливерпул за 100.000.000 добива две засилувања

Францускиот стопер Жереми Жаке вчера беше официјално потврден како новиот стопер на Ливерп…