Дома Фудбал Мурињо лут: Порано ми се поклонуваа, сега ме викаат предавник

Мурињо лут: Порано ми се поклонуваа, сега ме викаат предавник

Teнзично беше големото дерби дуелот меѓу, Бенфика и Порто, кој заврши нерешено 2:2. Тренерот на тимот од Лисабон, Жозе Мурињо, се погрижи да има и „трето полувреме“.

Удирање на топката кон трибините, збунување во соблекувалната, етикетирање како предавник…

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Кога станува збор за моето исклучување, судијата изјави дека ме исклучи зашто сум ја удирал топката кон клупата на Порто, што е тотално неточно. Не знам дали беше три, четири или пет пати, но јас многу пати сум го правел тоа овде на стадионот во Луж. Кога постигнуваме гол – топката оди на трибините“, објасни Мурињо.

На „Посебниот“, кој со Порто ја има освоено Лигата на шампионите, му беше тешко да ги поднесе навредите што ги доби во тунелот.

„Член од стручниот штаб на Порто, кој исто така беше исклучен и кој во тунелот ме нарече предавник 50 пати, би сакал да ми објасни – предавник на што? Предавник зошто? Бев во Порто. Ја дадов мојата душа за Порто. Преминав во Челси и ја дадов мојата душа за Челси. Потоа во Интер, Реал Мадрид, Фенербахче. Патував низ светот и секаде ја влогов мојата душа. Го дадов својот живот. Работев 24 часа на ден секој ден. Мислам дека тоа се нарекува професионализам“, рече Мурињо и продолжи:

„Навредите од навивачите, тие фудбалски навивачи, се нешто друго. Тоа се истиот народ што пред неколку години не можеше да ме пушти да минам низ градот без да ми се поклонуваат. Сега ме навредуваат. Со тоа немам апсолутно никаков проблем. Но кога професионален колега ме нарекува предавник – зошто? Предавник за што? Затоа што сега работам за Бенфика?“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан ја донесува ѕвездата на Манчестер Сити!

Според италијанските медиуми, Милан е на прагот на обезбедување големо засилување за следн…