Дома Фудбал Мурињо по елиминацијата на Фенербахче: Судијата ни го уништи сонот

Мурињо по елиминацијата на Фенербахче: Судијата ни го уништи сонот

Фудбалерите на Фенербахче беа елиминирани од Ренџерс од Лига Европа. Тимот од Глазгов победи со 4:3 по изведувањето на пеналите. Незадоволство поради судењето изрази тренерот на турскиот гигант, Жозе Мурињо.

Португалскиот стручњак смета дека главниот судија, Норвежанецот Еспен Ескас, пропушти да досуди дури три пенала за неговиот тим.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Мислам дека ВАР судијата нема да има проблеми со спиењето. Ќе вечера мирно и ќе легне да спие, но на нас ни го уништи сонот. Бевме третирани неправедно. Се гордеам со моите играчи, заслужуваат почит од цела Турција затоа што бевме единствените претставници на таа земја во европските натпревари – рече Мурињо.

Ренџерс во четвртфиналето на Лига Европа ќе игра против Атлетик Билбао.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …