Дома Фудбал Мурињо не го премолче скандалот во Турција – испрати порака во свој стил! (Фото+Видео)

Мурињо не го премолче скандалот во Турција – испрати порака во свој стил! (Фото+Видео)

Жозе Мурињо на свој начин реагираше на скандалот на натпреварот меѓу Галатасарај и Адана Демирспор.

Турскиот фудбал повторно беше потресен од скандал – натпреварот помеѓу Галатасарај и Адана Демирспор беше прекинат во 30-тата минута, откако гостите, по совет на нивниот претседател, одлучија да го напуштат теренот.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Сè започна во 12-тата минута, кога судијата досуди пенал во корист на Галатасарај. Алваро Мората беше сигурен од белата точка и го доведе лидерот на Суперлигата во водство, но реакцијата на гостинскиот тим стигна половина час подоцна.

Слични инциденти не се реткост во турскиот фудбал, а особено во последно време се во фокусот двата најголеми клуба – Галатасарај и Фенербахче.

Реакцијата од противничкиот табор не изостана. Жозе Мурињо, кој го води Фенербахче, на свој препознатлив начин го прокоментира скандалот.

Португалецот на Инстаграм прво постави слика на која со аплауз “честита” на судиската одлука, а потоа и снимка од спорниот пенал, сето тоа со музичка подлога на песната “Call the police”.

Според пишувањето на турските медиуми, натпреварот ќе биде регистриран со службен резултат 3:0 во корист на Галатасарај, додека Адана Демирспор веројатно нема да помине без казна – се очекува одземање на два бода.

Имајќи предвид дека екипата од Адана веќе се наоѓа на дното на табелата, казната нема значајно да ја промени нивната состојба, бидејќи е речиси сигурно дека следната сезона ќе играат во втората лига на турскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Германска компанија влегува во Тиквеш, клубот добива финансиска инјекција од милион евра!

Екипата на Тиквеш во наредните недели би требало да ја финализира новата сопственичка стру…