Дома Фудбал Мурињо со пет куфери ја напушти Турција: Немам „10-ка“, немам стопер, немам лев бек…

Мурињо со пет куфери ја напушти Турција: Немам „10-ка“, немам стопер, немам лев бек…

Летово Жозе Мурињо пристигна во Истанбул како големо засилување за Фенербахче, но ни славниот Португалец не им помага да ја освојат титулата, барем не засега додека актуелниот шампион Галатасарај е на врвот на табелата.

Кога го ангажирате Мурињо, јасно знаете што сакате – трофеи. Фенер го бараше токму тоа од еден од најдобрите тренери денес, но моменталниот тим на Фенер тешко му парира на Галатасарај.


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Често беше критикуван Мурињо, како и многу ѕвезди на Фенер, јасно е дека беа олесно пропуштени некои шанси, а бодови кои беа потребни исто така испуштени. Мурињо смета дека недостасуваат уште засилувања за да можат да бидат во чекор со градските ривали.

Додека чека добри вести од претседателот Али Коч, Мурињо беше виден со пет куфери на аеродромот во Истанбул. Ја напушти Турција и заради здравствени проблеми се врати во Англија. Празниците не се како што ги замислуваше, особено не поради -8 наспроти Галата, но знаете Жозе, нема предавање кај него.

Иако Фенер е тимот кој примил најмалку голови во лигата, Португалецот не можеше да избегне критики, но како и секогаш, пронајде ‘виновници’. Оваа сезона виновници се судиската организација во Суперлигата на Турција и недостатокот на квалитетни играчи на некои позиции.

“Немам број 10, немам стопер, немам лев бек”, наводно биле зборовите со кои Мурињо му се обратил на Али Коч при заминувањето.

Најдобриот стрелец на Фенер е Един Џеко кој постигна 14 гола во сите натпреварувања. Со својата офанзивна ефикасност го привлече вниманието и Душан Тадиќ кој има девет асистенции. Искуствениот играч создаде и 32 големи шанси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Постигнат договор, Рејндерс наскоро става потпис

Неколку европски гиганти покажуваат сериозен интерес за плејмејкерот на Милан и холандски …