Дома Фудбал Мурињо доби прашање дали повеќе сака кучиња или мачки, а неговиот одговор стана вирален (Видео)

Мурињо доби прашање дали повеќе сака кучиња или мачки, а неговиот одговор стана вирален (Видео)

Одговарајќи на прашањето дали е тип на личност кој повеќе сака кучиња или мачки, Жозе Мурињо се потсмеваше на дефанзивецот на Вест Хем, Курт Зума и стана вирален на социјалните мрежи. Прашањето му го постави поранешниот играч на Челси Џон Оби Микел, а Мурињо одговори: „Кучиња. Но, немам проблем со мачки. Не сум јас Курт Зума.”

Зума беше во центарот на скандалот во почетокот на 2022 година заради грубоста кон мачка. Францискиот стопер ја шутирал и удирал животното, поради што беше осуден на 180 часа општествено корисна работа, мачките му беа одземени и доби забрана во следните пет години да добие нови.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Видеото прво го објави „Сан“, по што информацијата стигна до клубот, кој остро го осуди таквото однесување на својот играч. На снимката се гледа како Зума ја фрла мачката од рака на под и потоа силно ја удира со ногата, а потоа ја гаѓа со чевли и ја брка низ станот.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…