
Веројатно вечерва во Мадрид, барем во онаа област каде што се навивачите на Реал, нема позаомразена личност од Хосе Мунуера Монтеро, судијата од Андалузија кој ги „украде“ Кралевите во мечот против Осасуна.
Реал Мадрид како лидер на Ла Лига допатува во гости кај Осасуна, но таму Кралевите доживеаја кикс (1:1), но за сè го обвинуваат Мунурера, кој очигледно ги спречи актуелните шампиони да се вратат дома со три бода.
СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓
Очигледна е дека имаше неколку пропусти, а од Мадрид убедуваат дека им не беше досуденo најмалку три пенали. Некои беа и очигледни, како во моментот кога еден играч на Осасуна ја запира топката со рака оддалечена од телото при пробив на Винисиус.
Мунуера сепак ги заврши Мадриѓаните со одлуката да го исклучи Џуд Белингам во 39. минута. Обично судиите толерираат вакви ситуации, но Мунуера му покажа директен црвен картон на Англичанецот по последователни преговори.
Се постави прашањето што кажал поранешниот играч на Борусија Дортмунд за да предизвика таква реакција од главниот судија, а сега дознавме детали.
Наводно Мунуера му рекол на Модриќ дека Белингам му порача: „Ј*би се“.
Модриќ потоа му одговорил на Мунера: „Не! Не! Ништо не кажа. Апсолутно ништо не кажа“. Сепак, беше доцна, Белингам мораше да го напушти теренот, а Модриќ како капитен не успеа да поправи ништо.
Модриќ како капитен вообичаено е тој што „главно зборува“ со судијата, па и во моментот на расправата пред исклучувањето Хрватот беше таму, но за разлика од него, Белингам не избегна казна.
По натпреварот го прашаа Анчелоти дали треба да разговара со Белингам, но Италијанецот рече дека не треба, туку дека треба да разговара со „тој судија“.
„Црвен картон? Мислам дека судијата беше нервозен. Белингам рече ‘ако тоа е прекршок, тогаш тоа беше пенал, одј…’. Белингам не направи ништо со кое би заслужил црвен картон. Судијата не разбираше англиски. Му кажа одј…, а не ј*би се.“
Интересно е дека РМТВ, официјалниот канал на Реал, на крајот објави: „Корупција во Сојузот – Реал Мадрид 1“.