Дома Фудбал Му бараше развод, но кога слушна за милионски трансфер веднаш се премисли!

Му бараше развод, но кога слушна за милионски трансфер веднаш се премисли!

Во средината на 2024 година, Анe Килнер реши да го остави Кајл Вокер, капитенот на Манчестер Сити, откако дозна дека има две деца со љубовницата Лорин Гудман.

Килнер и Вокер се заедно многу години, имаше скокови и падови, а Анe пред неколку месеци поднесе барање за развод и побара половина од имотот, односно околу 15 милиони евра.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Сепак, сега дојде до пресврт бидејќи Вокер би можел да направи трансфер од Манчестер Сити во еден од клубовите во Саудиска Арабија каде сигурно би имал огромна плата.

Тие двајца се смирија за време на празниците кои ги поминаа заедно со нивните деца.

„Пред неколку месеци, Ана му ги предаде на Кајл документите за развод, но се премисли. Тој е главна мета на клубовите во Саудиска Арабија, така што, ако ја прифати понудата, тоа ќе ги промени нивните животи, не само поради огромната сума на пари која ќе ја заработи“, рече извор на Скај близок до Ана.

Вокер оваа сезона не блеска, а на 34 години сака да се проба во некоја друга средина, иако му го истекува договорот со Сити дури во летото 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси и Баерн Минхен подготвуваат спектакуларна размена

Раководствата на Челси и Баерн започнаа преговори поврзани со спектакуларен договор кој го…