Компанија Mozzart веќе неколку години ја организира акцијата “Хуманитарен тикет за викенд” во која јавните личности составуваат тикети, а добивката ја насочуваат кон разни добротворни институции, здруженија, центри и поединци на кои тоа им е најпотребно. Во претходниот период, се нанижаа добитни хуманитарни тикети благодарејќи на сјајните типувања од спортистите и уметниците, па донациите се насочија на разни адреси, согласно нивните желби…
Овој пат, добитен тикет состави спортскиот новинар Павле Симовски, а добивката од 78.019 денари имаше желба да ја насочи во Детскиот дом „11 Октомври“ од Скопје.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Најпрво сакам да се заблагодарам на компанијата MOZZART за можноста да учествувам во оваа хуманитарна акција и да помогнеме каде што е потребно. За среќа, шестте натпревари кои ги типував се погодени, а со самото тоа и добивката е донирана на место каде, се надевам, ќе биде од помош. Во овој случај тоа е Детскиот дом “11-ти Октомври” во Скопје, каде ќе бидат донирани средствата од добитниот хуманитарен тикет, односно за децата во малите групни домови. Се надевам дека и после мене ќе има уште многу добитни хуманитарни тикети и ќе може да се помогне на повеќе места. Со оваа хуманитарна акција, MOZZART покажа и докажа дека се работи за општествено одговорна компанија.“ – изјави новинарот Симовски.
Од установата изразија желба за овој износ да бидат набавени материјални добра за потребите на групните домови.
„Сакаме да искажеме огромна благодарност од името на вработените и децата од малите групни домови на „11 Октомври“ Скопjе до компанијата Mozzart и секако до типувачот Павле Симовски. Донацијата ќе ни биде доделена во материјални добра, а истата е за дополнителните потреби на малите групни домови. Ваквиот хуман гест и ваквата општествена одговорност од страна на Mozzart насочена кон нас не е прв пат и искрено се надеваме дека ваквата соработка ќе продолжи и понатаму во иднина.“ – изјавија од ЈУДД 11 Октомври – Скопје.
Инаку, ова не е прв пат компанијата Mozzart да соработува со оваа установа. Досега Детскиот дом „11 Октомври“ има добиено телевизори, донација од добитен хуманитарен тикет од речиси 100.000 денари, како и материјални добра во вредност од 90.000 денари од Mozzart-овиот месец на хуманост.
„Продолжуваме со нашата хумана мисија повторно во Детскиот дом „11 Октомври“. Сакаме да се заблагодариме на новинарот Павле Симовски за учеството во акцијата, се надеваме дека и идните учесници ќе бидат успешни како него. Компанија Mozzart ќе се потруди да понуди помош на што повеќе адреси, а посебно кај институциите кои ги згрижуваат најмладите.” – изјавија од менаџментот на компанијата Mozzart.
Досега во акцијата „Хуманитарен тикет за викенд“ учествуваа многу познати спортисти и јавни личности, а собрани се повеќе од 400.000 денари кои компанијата MOZZART ги донираше во разни установи.