Дома Фудбал Останато Можете ли да го препознаете? Еден од најдобрите спортисти во историјата го промени имиџот

Можете ли да го препознаете? Еден од најдобрите спортисти во историјата го промени имиџот

Познатиот американски пливач Мајкл Фелпс, кој денес има 40 години, сега живее далеку од базените каде што се прослави и од каде донесе неверојатни 28 олимписки медали, од кои 23 се златни.

Најуспешниот олимписки спортист некогаш физички се измени од времето кога беше на врвот на својата кариера, и неговиот имиџ веќе не е онаков како што беше порано.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сега има подолга коса, врзана во репче, а лицето од натпреварувачките денови го покрива густа брада.

Фелпс на своите први олимписки игри замина уште во 2000, кога имаше само 15 години. Иако тогаш не освои медал, покажа дека ќе доминира и стана еден од најдобрите спортисти на сите времиња.

На Олимписките игри во Атина 2004 освои вкупно осум медали, од кои шест беа златни, додека на Игрите во Пекинг повторно освои осум, но овој пат сите беа златни.

Во Лондон, пак, освои уште шест медали, од кои четири златни, а шест медали освои и во 2016 година во Рио де Жанеиро, достигнувајќи вкупно 28 олимписки медали.

По пензионирањето, се посвети на други спортови и натпревари како што се голф и покер, а со својата сопруга Никол Џонсон има четворица синови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Еден од македонските олимпијци паднал на допинг!

Македонскиот олимписки комитет вчера на прес-конференција ги соопшти имињата на спортистит…