
Поранешната ѕвезда на Челзи, Оскар, поради здравствени проблеми донесе тешка одлука и стави точка на богата кариера.
По сериозни здравствени проблеми и престој во болница, поранешниот бразилски репрезентативец одлучи да стави крај на својата професионална кариера.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Веста ја потврди неговиот клуб Сао Пауло ФК, со кој имаше важечки договор до 2027 година.
Сепак, поради здравствените околности одлучено е соработката да се прекине порано од планираното.
“Сакав да направам повеќе за Сао Пауло, сакав да играм повеќе. Мислам дека имав фудбалски способности и години за повеќе играње, но за жал ова се случи”, објави Оскар.
Во текот на кариерата остави длабока трага во европскиот и азискиот фудбал.
Со Челзи освои две титули на англискиот шампионат, додека во Кина со Шангај Порт ФК три пати беше шампион на кинеската Суперлига.
Во Сао Пауло се врати во декември 2024 година, потпишувајќи тригодишен договор и остварувајќи ја желбата да ја заврши кариерата таму каде што и започна.
Eден од највпечатливите моменти од неговата репрезентативна кариера беше погодокот против хрватската фудбалска репрезентација на отворањето на Светското првенство 2014 година.
Тогаш Бразил победил со резултат 3:1, а Оскар го постигнал третиот гол во првата минута на судиското продолжение. За репрезентацијата на Бразил одигра вкупно 48 натпревари и постигна 12 голови.
.