Дома Фудбал Можеби е и до него: Рамсдејл испаѓа од Премиер лига трети пат во пет години

Можеби е и до него: Рамсдејл испаѓа од Премиер лига трети пат во пет години

Саутемптон денес испадна од Премиер лигата. Не е првпат за Светците, а особено не е првпат за Арон Рамсдејл.

Никогаш не се случило еден тим да испадне од Премиер лигата дури седум кола пред крајот на сезоната. Но, Светците оваа сезона после 31 натпревар освоија само десет поени и за нив оваа патека веќе долго беше таа без враќање.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Она што ќе остане како куриозитет е фактот дека голманот на Саутемптон, Арон Рамсдејл, веќе трет пат во кариерата е дел од оваа ситуација. И тоа во само пет сезони.

Прво доживеа испаѓање од лигата во сезоната 2019/20 со Борнмут.

Потоа следната сезона и со Шефилд Јунајтед, а сега и со Саутемптон.

По три пати во своите кариери од лигата имаат испаѓано и Кевин Филипс и Бен Фостер, а само девет играчи ја доживеале оваа мака повеќе пати. Рекордот е пет – и го делат Херман Хреидарсон и Нејтан Блејк.

По четири пати со своите тимови испаднале Роб Грин, Себастијан Басонг, Најџел Квашин, Маркус Бент, Куртис Дејвис, Ешли Вард и Марк Едворти.

Хреидарсон испаѓал од лигата носејќи ги дресовите на Кристал Палас, Вимблдон, Ипсвич, Чарлтон и Помпеј. Блејк бил дел од Шефилд Јунајтед, Болтон (два пати), Блекбурн и Вулверхемптон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најмногу пенали во топ-5 лигите биле досудени за Реал Мадрид

Сезоните во најдобрите европски лиги полека влегуваат во својот финиш. Интересно е да се п…