Дома Фудбал Moрати откри непознати детали: Тоти можел да заигра за Интер!

Moрати откри непознати детали: Тоти можел да заигра за Интер!

Легендарниот претседател на Интер Масимо Морати, по повод 30 години од преземањето на нероазурите, во интервју за „Corriere della Sera“ изнесе некои интересни детали, првенствено околу трансфер политиките, кои беа многу впечатливи.

Многу големи ѕвезди дојдоа во Интер за време на Масимо Морати. Нормално, легендарниот прв човек на нероазурите имаше и такви кои ги посакуваше, а не успеа да ги доведе. Но, некако сите тие се во сенка на човекот кој дојде тивко, практично како прво засилување на Моратиевиот Интер, а израсна во најголемата легенда на клубот – Хавиер Занети.


СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓


– Сакав со децата да гледам натпревари од аргентинската лига. Почнавме да следиме поради Ариел Ортега. А потоа видов еден натпревар каде што Занети играше. Го испратив Суарес (скаутот на Интер) во Аргентина да го погледне одблизу. Тој ми се јави и рече дека треба да го купиме. Му реков да почека, ги разбудив децата и им пуштив видео снимки од Занети. После тоа му дадов зелено светло – рече Морати.

Во деталното интервју откри дека меѓу големите имиња кои посакувал да ги доведе во клубот бил и легендарниот двоец на Барселона, Андрес Иниеста и Лионел Меси.

– Го посакувавме Меси уште додека беше тинејџер. Но, кога Барселона вети дека ќе ги преземе трошоците за лекувањето, сфативме дека немаме шанси и се откажавме. За Иниеста се обидовме сѐ, секој дипломатски напор, подготвивме луда понуда. Но, немаше шанси.

Открива дека Рома, во момент на финансиски потешкотии, му го понудила на Интер Франческо Тоти.

– Беа полни со долгови и беа толку очајни што со плач ни го нудеа Тоти. Но, знаевме дека Тоти повеќе би сакал да остане во Рим и одлучивме да го оставиме на мир. Тоа е работа на фудбалот, на чувствата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Судијата казнет за тоа што му го направи на Лионел Меси на крајот од мечот

Неодамнешниот натпревар меѓу Интер Мајами и Спортинг Канзас Сити, во осминафиналето на Лиг…