
Екс-сопственикот на Интер, Масимо Морати, тврди дека можел да го ангажира Лео Меси, додека најмногу жали за Андрес Иниеста.
Запрашан дали постоел играч за кого жали што не го доби за Интер, Морати категорично изјави:
СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓
„Иниеста! Бевме во период кога имавме солидна финансиска ситуација. Не тврдам дека можевме да го ангажираме секој играч на планетата, но блиску бевме до тоа. Се обидовме со Барселона, користејќи ги сите можни дипломатски средства. Патувавме и со посредници, лично се ангажиравме за преговори. Барселона беше спремна да продаде кој било играч, освен Иниеста. Дури и да понудевме нешто нереално, сепак ќе се вратевме во Милано“, изјави Морати.
Морати призна дека посакувал да го добие и Лео Меси, но го променил мислењето откако разбрал колку Барселона се грижи за здравјето на младиот Аргентинец.
„Го следевме на Светското првенство за млади играчи под 18 години, но откако дознав за посветеноста на Барселона кон неговата грижа и здравје, се откажав, ви се колнам“.