Дома Фудбал Мората се појави како голема ѕвезда во Турција, но навивачите го спуштија на земја (Видео)

Мората се појави како голема ѕвезда во Турција, но навивачите го спуштија на земја (Видео)

Шпанскиот напаѓач Алваро Мората пред неколку дена пристигна во Истанбул како големо засилување на Галатасарај, но навивачите на славниот клуб не го ни препознаа.

Искусниот напаѓач вечерва беше стартер во натпреварот од второто коло на турскиот куп на гостувањето кај Болуспор, каде Галата очекувано славеше со 4:1, а Мората во 21. минута го постигна својот прв погодок.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Сега следниот голем предизвик на Алваро е да изгради име за себе во важни натпревари и да формира нападно дуо со Осимен и заедно да се борат за титулата во Турција.

Мората има статус на фудбалска ѕвезда, но тоа не се забележа во Турција.

Имено, на социјалните мрежи кружи видео каде се гледа како Шпанецот поминува покрај навивачите на Галата, а никој не го забележува.

Galatasaray fans don’t recognize Alvaro Morata.
byu/arandomguy19 insoccer
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид подготви изненадувањето за Арсенал

Апсолутно никој во Реал Мадрид не се откажа од уште еден пресврт и пласман во полуфиналето…