Дома Фудбал Мората најави сензационално враќање во Шпанија: Ќе направам сѐ што можам

Мората најави сензационално враќање во Шпанија: Ќе направам сѐ што можам

Искусниот шпански напаѓач Алваро Мората истакнал дека ќе направи сѐ за еден ден да заигра за Хетафе, клуб во кој во сезоната 2007/08 поминал дел од младинската кариера, пред да се пресели во Реал Мадрид каде што ја започнал својата професионална кариера.

Мората пролетниот дел од сезоната го помина на позајмица од Милан во редовите на турскиот шампион Галатасарај, а според сѐ изгледа дека договорот за позајмица, кој трае до зима, ќе го исполни до крај.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Само на почетокот на следната година ќе се знае нешто повеќе за продолжението на кариерата на Мората, бидејќи договорот со Милан му истекува дури во лето 2028, но веќе сега е јасно дека има намера еден ден да се врати во предградието на Мадрид.

Тоа го потврдил во разговор за шпанските медиуми пред дуелите со Франција во плејофот на Лигата на нациите.

„Ќе направам сѐ за повторно да заиграм за Хетафе, но сега не е време за такво нешто. Имам уште шест месеци договор со Галатасарај“, рече Мората.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Штета: Милер постигна убав гол уште на дебито за новиот клуб, но беше поништен (Видео)

Легендарниот германски фудбалер Томас Милер го имаше своето деби синоќа за новиот тим Ванк…