Шпанската фудбалска репрезентација без пораз го освои Европското првенство 2024 година, а нејзиниот пат до четвртата европска титула е прикажан во документарецот кој ја имаше својата премиера на 29 ноември на стриминг платформата „Prime Video“. Шпанска Марка објави дел од филмот кој открива како напаѓачот и капитен Алваро Мората (32) ги доживувал критиките.
Мората на снимката ги читаше критиките од навивачите, а потоа со солзи во очи и на работ да заплаче ја истакна поддршката од соиграчите. “Ми покажаа дека им сум потребен. Да не беа тие, ќе ја напуштев репрезентацијата”, изјави Мората на снимката која може да ја видите подолу, а во која селекторот Луис де ла Фуенте го опиша Мората како одличен капитен. “Во иднина ќе разбереме што значеше за шпанскиот фудбал,” зборува селекторот.
🇪🇸🧐 El ‘caso Morata’, en detalle en el documental ‘Un equipo llamado España’ de @PrimeVideoES
— MARCA (@marca) December 2, 2024
🤗 “Mis compañeros me hicieron sentir que me necesitaban”
😔 “Si muchos de ellos no hubieran estado, habría dejado la Selección” pic.twitter.com/vO7l12bDKs