Дома Останати Кошарка Морал да преземе важен чекор: Познато е каде заминал Дончиќ

Морал да преземе важен чекор: Познато е каде заминал Дончиќ

Лука Дончиќ вчера итно ги напушти Соединетите Американски Држави, а еве каде отиде и зошто.

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, реши да преземе важен чекор во борбата со повредата на задната ложа.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според информациите на „ЕСПН“, Дончиќ отпатува во Шпанија за да се подложи на специјализиран третман со инјекции со цел побрзо закрепнување од повредата на втор степен.

Се работи за процедура која може значително да го скрати првично предвидениот период на пауза од четири до шест недели.

Во оптимистичко сценарио, постои можност да се врати уште на почетокот на плејофот. Како што објасни доктор Еван Џефрис, станува збор за напредни регенеративни терапии.

Тие најчесто вклучуваат комбинација на матични клетки и ПРП-третмани, односно плазма богата со тромбоцити.

„Матичните клетки во Шпанија можат да се обработат подетално за да им се зголеми ефикасноста. Истото важи и за PRP“, рече Џефрис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Проклетството од кое се плаши целата Евролига – никој не сака да биде прв!

Во модерната Евролига постои мит дека првопласираниот на крајот на редовниот дел нема да б…