Дома Фудбал Модриќ сакаше да го земе медалот и да „избега“, но Перез имаше што да му каже по Суперкупот (Видео)

Модриќ сакаше да го земе медалот и да „избега“, но Перез имаше што да му каже по Суперкупот (Видео)

Реал Мадрид синоќа претрпе тежок пораз во финалето на шпанскиот Суперкуп против Барселона која славеше со 5:2. Флорентино Перез се најде во центарот на вниманието за време на доделувањето на медалите бидејќи камерите го снимија она што му го кажа на Лука Модриќ.

Први добија медали играчите на Реал Мадрид, кои потоа гледаа како играчите на Барселона заслужено го слават освоениот трофеј на шпанскиот Суперкуп.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Тоа што ја одбележа оваа церемонија се случи кога играчите на Реал ги добиваа медалите, а последен беше Лука Модриќ кој имаше краток разговор со Флорентино Перез на сцената додека ја чекаше својата медалја.

Камерата го снимаше средбата помеѓу претседателот на Реал и искусниот Хрват, и беше забележано што му кажа Перез на Модриќ.

„Понекогаш мора да изгубиме финале. Нели е така?”, рече Перез на искусниот Модриќ што камерите успеаја да снимат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…