Дома Фудбал Модриќ го прифати повикот на Перез – се враќа во Реал Мадрид

Модриќ го прифати повикот на Перез – се враќа во Реал Мадрид

Иако уште игра на врвно ниво, Лука Модриќ (40) размислува за чекорите по завршувањето на професионалната фудбалска кариера. Хрватскиот маестро планира да се врати во Реал Мадрид, но не брза со одлуката, имајќи предвид дека и на 41 година пружа извонредни настапи во дресот на Милан. Неговото враќање во омилениот клуб е извесно, но моментално има други приоритети, пишува „Дефенса Сентрал“ во текст насловен „Модриќ го прифати, а потоа го одложи враќањето во Реал Мадрид“.

Наводно, Модриќ ја прифатил понудата на Флорентино Перез да се врати во Мадрид по завршувањето на кариерата, било како амбасадор на клубот или како тренер. Сепак, идејата на Модриќ е прво да земе една година одмор за да се посвети на семејството по заминувањето од Милан. По тоа, планира да се запише на тренерски курсеви со цел да преземе една од младинските категории во академијата на Реал. Работата со деца му претставува голема желба и ја гледа како идеален почеток на тренерската кариера, тврдат шпанските новинари.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Иако планот за враќање во Мадрид е утврден, Модриќ е свесен дека работите можат да се променат. Неговите игри во Милан се на исклучително високо ниво, а клубот е многу задоволен од неговото учество.

Во наредните месеци, клубот и играчот би требало подетално да разговараат за иднината, најавува шпанскиот медиум. Во моментов, главната цел на Модриќ е претстојното Светско првенство, каде што сака на најдобар начин да се прости од хрватската репрезентација и да ја одведе својата национална екипа што е можно подалеку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Покрај сите натпревари Европа зборува за оној на Кипар поради гол кој се гледа еднаш на 100 години

Ширум Европа оваа вечер се играат натпреварите од последното коло на лигашкиот дел на Лига…